(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Глутница кучиња нападна домашен миленик и маж кој го шеташе на поводник во Аеродром

0
147

Глутница кучиња нападна домашен миленик и маж кој го шеташе на поводник во скопската населба Аеродром. Од вознемирувачката снимка, се гледа како сопственикот беспомошно се обидува да го спаси своето куче од глутницата, со викање, тргање и мафтање, додека тие го напаѓаат.

– Му го изедоа кучето на човекот, ексик веќе! – се слуша на снимката.

Грижата за бездомните кучиња во Скопје е должност на Градот и на јавното претпријатие „Лајка“. Според информациите на жители на Аеродром, овие кучиња немале жолти обетки, кои означуваат дека се кастрирани.

видео: Сител