Штипјанец украл „пежо“ и со него удрил во надгробна плоча

Полициски службеници од СВР Куманово на 21.02.2023 во 09.40 часот, го лишиле од слобода С.М.(45) од Штип.

Според информации од МВР, тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во продажен објект на улица „Иво Лола Рибар“ и одзел пари и клучеви од патничко возило „пежо“ сопственост на Б.С., по што го одзел и возилото, со кое удрил во надгробна плоча на Градските гробишта во Куманово.

С.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.

 

Извор: МВР