Автобус излета синоќа од патот Битола-Прилеп, пришто повредени се 11 лица.
Несреќата се случила синоќа во 22.47 часот, а возилото го управувал М.А.(50) од Битола, соопшти полицијата.
„Е.Г.(38) од с.Лопатица, битолско, се здобила со тешки телесни повреди, додека Р.Н.С.(31), И.Љ.(38) од с.Лопатица, Т.С.(50), М.О.(31), А.М.(22), В.Т.(40), В.С.(27) од с.Лисолај, Н.С.(45), Т.Л.(20) од с.Кукуречани, Д.В.(54) од с.Крклино, битолско, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола“, велат од МВР за несреќата.
Увид извршила полициска екипа од Битола.
извор: МВР