Од денес почнува бесплатната вакцинацијата против сезонски грип за ризичните групи во центрите за јавно здравје во државата и нивните подрачни единици во градовите.
Заинтересираните граѓани од ризичните групи може да се пријават преку страницата vakcinacija.mk.
Министерството за здравство потсетува дека бесплатната вакцинација против сезонски грип е незадолжителна, наменета е за постари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години.