ОН: Исчезнаа 2,5 тони ураниум од Либија

0
124

Инспектори на нуклеарна контрола од Обединетите нации открија дека околу два ипол тони природен ураниум исчезнале од наоѓалиште во Либија, кое повеќе не е под контрола на владата на државата, јавија западни медиуми.

При вчерашната инспекција, инспекторите од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) утврдиле дека „10 буриња во кои имало околу два и пол тони природен ураниум во форма на UOC (концентрат на руда од ураниум), кој (Либија) претходно го пријавиле за складирање на таа локација, не се на тоа место“, рече шефот на МААЕ Рафаел Гроси.

Наодот е резултат на инспекцијата првично планирана за минатата година, која „мораше да се одложи поради безбедносната ситуација во регионот“ и конечно беше извршена вчера, се вели во доверливата изјава на шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси.

„Губењето на информации за моменталната локација на нуклеарниот материјал може да претставува радиолошки ризик, како и загриженост за нуклеарната безбедност“, се вели во извештајот, додавајќи дека за да се стигне до локацијата потребна е „сложена логистика“.

 

фото:RTE