Цените на основните продукти вртоглаво растат, грамажата на одредени производи се намалува. Граѓаните се жалат дека видно е новата тактика на производителите. Со цел да остане истата цена и таа да биде малку покачена, ја намалуваат грамажата.
Вакви примери има многу. Одамна киселото млеко од половина килограм сега е намалено на 400 грама. Маслото наместо литар сега е 900 милилитри. Исто е и со шеќерот и солта кои се продаваат по помалку од килограм. Слично е и со гравот, вегетата, макароните, но и ред други производи.
Граѓаните реагираат и на тоа што поради брзото менување на цените на прехранбените производи, често се случува една цена да пишува на рафтот, а да им биде наплатена друга на каса. Тие се жалат дека често производите кои на опаковката им пишува дека тежат 700 грама кога ќе ги измерат дома, грамажата е помала за 100 или повеќе грама.
Сега на потег се инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, кој треба да проверуваат кој трговци го прекршуваат Законот за потрошувачи и заработуваат на грбот на потрошувачите.
Поврзани теми: (ФОТО) Владата ја замрзна цената на лебот, но што е со грамажата?