More

    Момче (14) со прекар Ел Чапито уби осум членови на едно семејство во Мексико

    14-годишно момче со прекар Ел Чапито, осомничено за убиство на осум лица во Мексико Сити, е уапсено во МЕКСИКО, соопшти мексиканскиот федерален оддел за јавна безбедност. Момчето кое е дел од нарко банда, убиствата ги изврши во јануари.

     

    Се сомневаат дека момчето со мотор дошло во Чималхуакан, сиромашно предградие на Мексико Сити, каде убил осум членови на едно семејство, пишува ABC. Во врска со овие убиства, покрај 14-годишникот, уапсен е и еден маж.

     

    Седум членови на бандата во која припаѓа момчето се уапсени под обвинение дека продавале дрога.

    Семејството во кое пукало момчето одржувало роденденска забава во моментот на нападот. Освен што убил осум лица, момчето повредило и седум лица, меѓу кои и две деца.

     

    Името на момчето не е објавено, но неговиот прекар, Ел Чапито, е упатување на прекарот на затворениот нарко бос Хоакин Гузман, Ел Чапо.

     

    Мотивот за убиствата не е објавен. Нарко бандите во Мексико често се занимаваат со киднапирања и нарачани убиства, но убиваат и ривали кои продаваат дрога на нивна територија.+

     

    index.hr

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    6.8 ° C
    6.8 °
    6.8 °
    65 %
    1kmh
    0 %
    Thu
    10 °
    Fri
    19 °
    Sat
    22 °
    Sun
    15 °
    Mon
    9 °
    spot_imgspot_img