Почна заедничкиот состанок Вучиќ – Курти

0
91

Заедничкиот состанок на кој учествуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, косовскиот премиер Албин Курти и претставници на Европската унија (ЕУ) почна во Охрид.

Претходно, шефот за надворешна политика на ЕУ и пратеникот на Унијата за дијалогот Белград – Приштина Мирослав Лајчак имаат одвоени средби со Вучиќ и Курти.

Лидерите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Албин Курти во Вилата Билјана во Охрид разговараат за нормализација на односите, под покровителство на ЕУ.

Извор: slobodnaevropa.mk