Трагедија во училиште во Панчево: Осмоодделенец се убил фрлајќи се низ прозорец додека мајка му бил кај директорот

Осмоодделенец од ОУ „Жарко Зрењанин“ во Качарево, кај Панчево си го одзел животот скокајќи од кабинетот по германски јазик на вториот кат.

Информацијата за трагичниот настан ја потврдило Вишото јавно обвинителство во Панчево за РТС.

Како што пренесува РТС, соученик на момчето изјавил дека момчето и мајка му билекај директорот кога почнал часот по германски. Токму затоа, момчето задоцнило на часот. Кога влегло во училницата, било нерасположено. Неговите другари раскажуваат дека наставничката му пришла и разговарала со него неколку минути, по што момчето се смирило.

Додека бевме на час тој рече дека му е лошо и побара од другарката да го отвори прозорецот, а другарката ја праша професорката по германски на чиј час бевме дали може и таа дозволи. Кога заѕвони ѕвончето за крајот на часот, тој се стрча преку училницата, бидејќи седеше сам во задната клупа до ѕидот, скокна на мала клупа и се фрли низ прозорецот. Не комуницираше со никого по телефон, бидејќи ни е забрането да ги користиме за време на часовите, изјавил соученик.

Ученик кој во моментот бил во училница на приземјето скокнал низ прозорецот за да му помогне, но несреќното дете се обидело да се крене на раце и паднало.

Телото на момчето е пренесено во Институтот за судска медицина каде ќе се врши обдукција и токсиколошка анализа. Директорот на училиштето засега нема да дава официјални изјави.

фото:republika.rs