Поглаварот на католичката црква, Папата Францис, има респираторна инфекција и ќе мора да помине „неколку дена“ во болница во Рим, соопшти Ватикан.
Папата претходните денови имаше потешкотии со дишењето, но нема ковид, се додава во соопштението.
Се очекува неговите најблиски соработници, вклучително и обезбедувањето, да останат со папата во текот на ноќта во болницата Џемели, изјави за Би-Би-Си извор од околината на папата.
Истиот извор додаде дека прегледите и набљудувањата во болницата ќе траат онолку колку што е потребно.
Претходно, Матео Бруни, портпарол на Ватикан, изјави дека папата е примен во болница на „претходно закажани прегледи“.
Во ажурираното соопштение се вели дека „поради инфекцијата ќе треба да остане во болница за да може да се подложи на соодветна медицинска терапија“.
„Папата Францис беше трогнат од бројните пораки што ги прими, и ја изрази својата благодарност преку блискост и молитва“, се додава.
Ова е традиционално најпрометниот дел од годината за 86-годишниот папа, бидејќи има закажани бројни богослужби во пресрет на Велигден.
Папата треба да ја посети и Унгарија на крајот на април.
фото: Архива