(ВИДЕО) Велелепен храм на Св.Петка во Битола кој датира од 80-те години на минатиот век

0
425

Црквата Света Петка е изградена во осумдесеттите години на минатиот век, и според многумина во тоа време беше најмодерната црква и предизвика големо внимание кај архитектите, црковните лица и верниците.

Денес , се празнува летна Света Петка Параскева. Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води.

Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејстваИменден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка…

https://www.youtube.com/watch?v=j-mxqTjOvsQ