Охриѓанецот Александар ја собра цела српска естрада на промоцијата на новата песна „Пусте ночи“

Македонскиот пејач Александар Јосифовски кој се прослави со учеството во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде заврши на високото второ место, вчера вечерта во Белград направи промоција на својата нова песна.

На промоцијата се појавија бројни колеги од естрадата, но и речиси целата „Гранд“ продукција.

Песната се вика „Пусти ноќи“, а меѓу поканетите беа Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вики Миљковиќ, Ѓорѓе Давид, Александар Милиќ Мили, Ана Бекута, Милан Топаловиќ Топалко, Саша Поповиќ, Исак Шабановиќ…

Она што посебно привлече внимание е тоа што во спотот на песната се појавува поранешната водителка на популарното музичко шоу Сања Чулибрк која во спотот глуми негова сопруга што го изневерува.

Шармантната водителка и е автор на еден дел од текстот на песната, додека композитор е Григор Копров.

glamur.mk