Директорот на битолската болница Обедниковски утре поднесува оставка

0
171

Директорот на битолската болница, доктор Александар Обедниковски утре ќе поднесе оставка од фунцкијата.

Тој за Телма потврди дека утре ќе ја депонира оставката од морални причини. Негова оставка доаѓа по смртта на новороденчето кое почина два часа откако било родено, што е последен во низата случаи кои ја потресуваат оваа болница.

Претходно, кон крајот на март, шестгодишната Јана Христовска почина на детското одделение по примена инфузија.

Текстот во целост на: Телма