(ВИДЕО) Скандал на аеродромот во Северна Ирска: Бајден го турна Сунак

0
87

Американскиот претседател Џо Бајден покажа непочитување кон британскиот премиер Риши Сунак, за време на средбата на воениот аеродром во близина на Белфаст во Северна Ирска, каде што слета американскиот претседателски авион, објавија британските медиуми.

Веднаш по слетувањето, американскиот претседател студено го поздрави, а потоа го оттурна премиерот, а многумина го сфатија тоа како навредлив дипломатски гест, забележуваат британските новинари.

На видеото се гледа како Бајден накратко го поздравува Сунак по излегувањето од авионот, а потоа го турка настрана за да го поздрави претставникот на кралот во округот Антрим, Дејвид Мекоркел и да ја прегрне американската амбасадорка во Велика Британија, Џејн Хартли.
Тоа требаше да биде посебен момент за Риши Сунак… Но, премиерот се најде во непријатна ситуација, објави Дејли Меил.
Во вторникот, Бајден пристигна во четиридневна посета на Велика Северна Ирска за да ја одбележи 25-годишнината од мировниот договор и крајот на триесетгодишното крвопролевање, пренесува Н1.

извор: Н1.