Специјалната колекција што содржи лични предмети на Фреди Меркјури, фронтменот на музичката група „Квин“, ќе биде ставена на аукција, известува Анадолу.
Старата пријателка на Меркјури и наследничка Мери Остин изјави дека славниот музички уметник за период од 30 години собрал речиси 1.500 предмети и тие се пронајдени во неговата куќа во Лондон.
Таа наведе дека аукцијата ќе се одржи во аукциската куќа „Сотбис“ во Лондон.
Остин рече дека од продажбата се очекува приход од 6 милиони фунти, а дел ќе биде дониран во хуманитарни цели.
Меѓу предметите што ќе бидат изложени за продажба има рачно напишани текстови на Меркјури, негови сценски костуми, инструменти и дела на познати автори.
Фреди Меркјури, роден 1946 година во Занзибар, Танзанија, чие вистинско име е Фарух Булсара, со семејството се преселил во Англија на 17-годишна возраст.
Со групата „Квин“ Меркјури сними 15 студиски албуми.
Меркјури почина од воспаление на белите дробови, предизвикано од вирусот СИДА во 1991 година, на 45-годишна возраст.
Инспириран од неговиот живот и групата „Квин“, режисерот Брајан Сингер го сними филмот „Бохемиска рапсодија“, кој освои четири награди Оскар, меѓу кои и наградата за најдобра машка улога, што ја доби актерот Рами Малек.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.