(ВИДЕО) МУП Србија потврди – загинаа осум ученици и член на обезбедувањето

Српската полиција потврди дека осум деца загинале кога 14-годишник почнал да пука во белградското училиште „Владислав Рибникар“. Наставничката по историја, за која некои медиуми јавија дека е убиена, е само повредена.

Чуварот се обидел да ја спречи трагедијата, по што бил убиен. Повредена е наставничка, која е во тешка состојба. Пет деца се на детската клиника, објави Н1.

Ранети се шест деца и една наставничка, потврди Министерството за внатрешни работи на Србија.

Директорот на детската клиника Синиша Дучиќ вели дека по пукањето биле примени три деца. Две момчиња имаат прострелни рани на долните екстремитети и се во добра општа состојба, а девојчето веднаш е пренесено на скенер и во операциона сала. Операцијата е во тек.

Малолетниот Коста К. (14), кој го сторил ова кривично дело, е ученик на тоа училиште и бил пронајден и уапсен во училишниот двор.

Мајката на една од ученичките во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар за новинарите изјави дека нејзиното дете е во комплетен шок и дека не можат да ја смират по претрпениот стрес.

За среќа, нејзиното дете поминало неповредено, но таа вели дека тоа ќе ѝ остави голема траума.

фото: Курир.рс