(ВИДЕО) Канал во Венеција обоен во зелено, полицијата отворила истрага

Жителите на Венеција во неделата се разбудиле и виделе мистериозна дамка од флуоресцентно зелена боја во централниот пловен пат. Зелениот дел го зафатил насипот во близина на мостот Риалто и изгледало дека се ширел како што одминувал денот, на основа на фотографиите објавени на социјалните мрежи.

 

 

Полицијата го истражува потеклото на течноста откако жителите во неделата наутро им го пријавиле случајот на властите, навел на Твитер Лука Заи, гувернер на регионот Венето.

 

Италијанската агенција за пожарникари и спасување соопштила дека работи со локалните службеници за заштита на околината на идентификување на материите од собраните примероци од водата.

На интернет се појавиле низа теории, од кои некои шпекулираат за ширење на алгите, а други го насочуваат прстот кон активистите за околина.

 

Градскиот советник Андреа Пегораро ги обвинил климатските активисти, известува „CNN“, кои во последните месеци ги таргетирале италијанските културни знаменитости.

Групата „Ultima Generazione“, која во знак на протест најмалку три пати од април истурала јаглен во фонтаните во Рим, демантирала поврзаност со овој настан.

Ова не е прв пат каналот Гранд Канал да доживее промена на бојата.

Во 1968-ма година аргентинскиот уметник Николас Гарсиа Урубуру ја обоил водата во каналот во зелено флуоресцентна боја. Потегот бил осмислен за да го привлече вниманието кон еколошките прашања и односот меѓу природата и цивилизацијата.

 

Необичната боја доаѓа додека градот ја слави манифестацијата за бродови Вогалонга.

 

 

tocka.mk