Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени по Рихтер ги потресе Филипини

0
113

Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени по Рихтер ги потресе Филипини, пренесува Анадолу.

Епицентарот на силниот земјотрес е регистриран во местото Хукеј, 140 километри југозападно од главниот град Манила, соопшти Американскиот институт за геолошки истражувања.

Земјотресот, кој е забележан на длабочина од 112 километри, според првичните информации, не предизвикал човечки жртви ниту поголема материјална штета.

извор: Анадолу.

фото: Анадолу.