РКЕ – Се бараат креативни решенија за цената на струјата за да се избегне ценовен шок

0
96

Новата цена на струја, што ќе важи од 1 јули, ќе се знае следната недела, изјави на 21 јуни претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски.

Тој вели дека ќе се обидат да бидат креативни за да се избегне ценовен шок.

Комисијата во моментов ги анализира барањата поднесени од енергетските компании за цената на струјата за наредните шест месеци.

На цената ќе влијае и зголемувањето на ДДВ од 10 на 18 отсто.

Владата пред година и половина донесе мерка за ублажување на состојбите со енергетската криза, а една од мерките беше намалување на стапката на ДДВ од 18 проценти на 10 отсто. Мерката истекува на крајот на јуни 2023.

Во врска со враќањето на евтината дневна тарифа на електричната енергија, тој посочи дека таа со сигурност ќе биде воведена, но сега се анализира кога би можело тоа да се случи.

Тој појасни дека откако лани беа воведени блок тарифите, броилата имаат четири позиции во кои се регистрира скапата тарифа, а сега треба дополнително да се воведе и евтина тарифа така што на операторот на дистрибутивниот систем му треба време за да се сетираат сите броила. Време е потребно и а да се промени системот за сметки за да може да се фактурира евтината тарифа.

Во моментот граѓаните користат само ноќна евтина струја од 22 до 06 часот наутро, како и во недела цел ден. Дневната евтина тарифа беше укината од декември 2021 година