(ВИДЕО) Силна експлозија одекна во Париз: горат неколку згради, има повредени

0
547

Денеска околу 17 часот одекна силна експлозија во Париз, јавуваат локалните медиуми. Според полициски извори, најмалку четири лица се тешко повредени од изгореници и при уривање на зградите.

 

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека е во тек пожар во петтиот арондисман на Париз.

Пожарот зафатил неколку згради, а околните улици се затворени. Се сомнева дека експлозијата била предизвикана од гас, а париската полиција соопшти дека истражува што се случило.

Неколку жители пријавиле силен мирис на гас во областа.

 

„Имаше огромна експлозија, го напуштивме колеџот Лавоазие. Имаше отровен чад на страната Вал-де-Грејс. Пожарникарите се насекаде. Има скршено стакло, засега не знаеме дали има луѓе во зградата“, изјави една жена за liberation.fr по експлозијата.

 

 

нова.рс