Најмалку 37 лица се повредени од силна експлозија во центарот на Париз вчера поради протекување на гас, соопшти министерот за внатрешни работи на Франција, Жерар Дарманин, јавува Анадолу.
Во своето обраќање пред медиумите на местото на експлозијата, Дарманин рече дека четири лица се во критична состојба и додаде дека се верува оти две лица сѐ уште се наоѓаат под урнатините.
Заменик-началникот на Петтиот округ на Париз, Едуард Сивел, на социјалната мрежа Твитер објави дека експлозијата се случила во квартот Вал де Грас и дека е можно да е предизвикана од протекување на гас и додаде дека целосно е исклучено снабдувањето со гас во квартот каде што се случи несреќата.
Тој потврди дека експлозијата предизвикала пожар во повеќе објекти и го повика локалното население да го напушти тоа подрачје за да можат противпожарните, амбулантните и другите надлежни служби да дејствуваат поефикасно.
Локалните медиуми информираа дека од експлозијата се повредени најмалку 37 луѓе, а се урнала и една зграда.
Канцеларијата на државното обвинителство соопшти дека е поведена истрага за откривање на причината за експлозијата.
Шефот на полицијата на Париз, Лоран Нуњез, соопшти дека експлозијата се случила во зграда во која се наоѓало и училиште за мода.
Нуњез информираше дека пожарот е ставен под контрола, но дека продолжува акцијата за пребарување и спасување.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.