НОЌТА од среда кон четврток, насилството продолжи во Франција, особено во парискиот регион каде полицаец уби седумнаесетгодишник кој одбил да го послуша.
Ситуацијата во Нантер, на петнаесетина километри од Париз, околу 23 часот повторно стана тензична. Запалени се десетина автомобили, контејнери и бариери поставени на патот. На фасадата на зградата се закачени натписите „Правда за Нахел“ и „Полицијата убива“.
Судирите со полицијата траеле и до 1 час во населбата каде веќе имало судири меѓу жителите и припадниците на силите на редот, кои на фрлање камења одговориле со солзавец.
Un centre Enedis incendié à Nanterre lors d'une nouvelle nuit de tensions pic.twitter.com/pxMLqITSoS
— BFMTV (@BFMTV) June 29, 2023
Во Нантер, полицијата беше принудена делумно да се повлече, објави Ле Монд.
Околу дваесетина општини во Сена-Сен Дени, департман североисточно од Париз, пријавиле пожари, изјави полициски извор, додавајќи дека на местото на настанот секој пат биле активни многу мобилни групи од помалку од сто луѓе. Сега постои загриженост во инаку мирните градови.
77 уапсени
Полицијата нешто пред 14 часот приведе 77 лица, а во Есон, јужно од Париз, бил запален автобус од кој патниците се симнале околу 21:00 часот, велат полициски извори.
Судири избувнаа и во кварт во Тулуз, а од тоа место се креваше густ црн чад, најверојатно од запален камион.
Тензии беа забележани и во други региони низ земјата, како што е Лион, каде припадниците на полицијата беа гаѓани со пиротехнички средства.
Во некои места како Сент Етјен, Лил и Рен, инцидентите се случија за време на собири за поддршка на еколошкото движење кое неодамна беше распуштено од владата.
Демонстрантите се судрија со полицијата во Лил. Снимките објавени на интернет покажуваат луѓе како палат документи и столови во градското собрание во предградието Монс-ен-Барул.
index.hr