Соседна Албанија последнава година урива рекорди на посетеност во туризмот.
Албанијауспроведе неколку сериозни кампањи за промоција на глобално ниво, а од денес Албанија ја има и на огромните екрани на Тајмс Сквер.
Паралелно со државата сопствени маркетинг кампањи водат и приватните хотели кои работат на полето на маркетингот цела година и вложуваат сериозни суми во сопствена промоција.
За тоа време Македонија има владина агенција за промоција на туризмот која служи за партиски вработувања и одржување пред конференции пред домашната јавност.
Единствен од Македонија кој до сега се појавил на овие екрани е Валентин Андон кој е Македонец од Албанија и развива сопствен бизнис за онлајн продажба на чај во Америка.
Поврзани вести: (ВИДЕО) Нашиот Валентин Андон веќе го оствари „американскиот сон“