Во Грција, четиригодишно дете случајно голтнало две оси

Четиригодишно дете случајно голтнало две оси кои му паднале во сокот од портокал, а кои потоа го искасале по вратот. Инцидентот се случил викендов на плажата Микрос Галос на Лефкада, јавува грчкиот портал „Пелоп“.

На момчето брзо му била укажана помош во локалната болница.

фото: Архива