(ВИДЕО) Дрска жена избрка телевизиска екипа која снима за дете со дијабет од летниковец – го имала резервирано

Вистинска непријатност доживеала новинарската екипа на телевизија Алфа додека снимала прилог за 4-годишната Бисера, дете кое боледува од дијабетес.

Додека таткото на малото девојче објаснувал со какви предизвици се соочуваат тој и сопругата како родители, една жена буквално ги избркала од летниковецот во кој тие снимале.

На видеото се слуша како жената со висок тон им дава до знаење дека нејзиното дете тука ќе славело роденден и дека летниковецот, кој е урбана опрема во јавен простор и е слободен за користење за сите граѓани, наводно ѝ бил резервиран.

На прашањето на водителката дали знае за што снимаат интервју, жената одговара дека не ја интересира.

 

– „Не ме интересира. Си славам роденден за детето затоа што му е еднаш во годината“.

– „Да му е среќен роденденот и навистина да се засрамите затоа што слушате за тоа што зборуваме и немате обзир“.

– „Немам потреба да се срамам. Преку глава ми е од сè“, ѝ вели жената на репортерката на Алфа.

Видеото масовно се прошири на социјалните мрежи, а ваквото однесување на жената го осудија и повеќе јавни личности.

извор: Алфа