Мора да гледаме од Софија, оти имаме забрана за Македонија, нашата земја бугарска, напиша Стојанов

0
1121

Христијан Пендиков, кого јавноста го запозна по нападот во Охрид, и претседателот на бугарска фондација „Македонија“ Виктор Стојанов денеска преку фотографија информираат дека натпреварот меѓу Шкупи и Левски мораат да го гледаат од Софија.

Тие додаваат дека мораат така бидејќи имаат забрана за влез во Македонија.

„Левски значи Слобода! 1:0 во Скопје. Приморани сме да гледаме од Софија дека ни забрануваат влез во Македонија. Во нашата бугарска земја!“, напиша Стојанов.

 

 

4news.mk