(ФОТО) Цело семејство од Србија повредено во тешка сообраќајна несреќа во Албанија

0
846

Кај албанскиот град Љеш утринава се случила тешка сообраќајна несреќа во која се повредени пет члена на семејство од Србија.

На снимката на албанските медиуми може да се види дека нивниот автомобил прилично е оштетен, односно дека хаубата му е смачкана, а нивните работи се расфрлени насекаде по патот.

Според првичните информации автомобилот налетал на банкина која ги дели лентите на државниот пат.

Возилото слетало од коловозот, а во несреќата се повредени три деца и брачен пар. Повредените се однесени во болница, а жената е во тешка состојба.

Семејството само што допатувало во Албанија, каде требало да го поминат одморот. Најверојатно брзината и мокриот коловоз предизвикале губење на контрола над возилото.

извор:Република