Тројниот убиец од Градачац, Сулејмановиќ се самоуби пред очите на полицијата

0
878

Нермин Сулејмановиќ, бодибилдерот и фитнер тренерот кој денеска уби три лица во Градачац во БИХ, си го одзеде животот, пренесува „Аваз“.

„Кликс“ пренесува дека Сулејмановиќ се самубил пред очите на полицијата откако бил пронајден.

Сулејмановиќ ги убил неговата сопруга, и уште две лица, и сето тоа го пренесувал во живо на социјалните мрежи. Сулејмановиќ потоа уште еднаш се јавил во живо и кажал дека бебето е живо, и дека се надева дека не убил и полицаец.

„Ги убив синот и таткото. Не знам како ми се испречија. Ја убив жената, и се надевам дека убив и полицаец. Бебето е живо“, пишува Сулејмановиќ.

Тој бил познат на полицијата од претходно поради кривични дела. Имало против него распишано и меѓународна потерница.