Пендаровски се сретна со амбасадорката на САД во Македонија Анџела Агелер

0
102

Билатералните односи се одвиваат со одлична динамика, согласно долготрајното македонско-американско пријателство, а во духот на стратешкото партнерство и сојузништвото во НАТО, било посочено на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Прајс Агелер.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, соговорниците размениле мислења и информации за одвивањето на евроинтегративниот процес и за следните чекори кои треба да бидат преземени во таа насока, како и за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина.

Претседателот Пендаровски истакнувајќи дека нашата држава придава особено значење во развојот на односите со САД, изрази уверување дека американската поддршка ќе продолжи и во периодот што претстои, како гарант за мирот, стабилноста и просперитетот на Западниот Балкан, се наведува во соопштението.