На четири месеци пред Божиќ во Германија веќе се пече Божиќниот колач

Четири месеци пред Божиќ во Германија започна да се пече штолен, колач кој традиционално се служи за тој празник.

Вработен во пекарницата Анабергергер во местото Анаберг-Бухолц во германската покраина Саксонија го премачкуваат со путер и го наросуваат со шеќер во прав првиот штолен од новата сезона. Четири месеци пред Божик, сезоната на печење на традиционалниот колач со суво грозје започна, со цел штолените да созреат и навреме да бидат понудени во продавниците. Само во пекарницата во Анабергер-Бухолц во Саксонија, годинава планираат да испечат дури 200.000 штолени. Колачот има свои љубители не само во Германија, туку се продава и во повеќе од 50 земји во светот.

 

DW