МНР ги доставило до Антикорупциска и Обвинителството документите за тендерот од 1,8 милиони евра кој го доби донатор на ДУИ

0
182

Министерството за надворешни работи ја доставило до антикорупциската комисија и Обвинителството документацијата за тендерот од 1,8 милиони евра што го доби фирмата Еуровиа – донатор на ДУИ која треба да направи преадаптација на спортскиот центар „Борис Трајковски“ за министерската конференција на ОБСЕ во Скопје.

Од Министерството апелираат до институциите да придадат посебно значење и приоритет на овој предмет, имајќи ги предвид импликациите кои се предизвикани со според нив бројните шпекулации во јавноста.

Во соопштението се наведува дека нема нерегуларности во постапката,а заради економично и ефикасно користење на буџетот, условот за избор на најповолен понудувач била најниската цена. Од четирите понудувачи, избраната компанија имала најконкурентна цена“, велат од министерството.

Фирмата од Желино која го доби тендерот за преадаптација на спортскиот центар „Борис Трајковски“ е во сопственост на Ељмедин Адеми, внук на поранешниот министер од ДУИ, Абдулаќим Адеми. Фирмата е на листата најголеми донатори на ДУИ.