Работната средба Брдо-Бриони кај Пендаровски заврши со декларација

Со заедничка декларација во која 2030 е зацртана како годината, од која не подоцна би се случило следното проширување на Европската унија (ЕУ), денеска заврши 10. самит на претседатели од регинот, како дел од процесот Брдо – Бриони.

Претседателите на Северна Македонија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и на Босна и Херцеговина ја усогласија заедничката декларација за забрзување на зачленувањето на регионот во ЕУ, иако српскиот шпретседател Александар Вучиќ изрази скептицизам за тој временски рок.

„Мислам дека тоа се убави желби, но кој сум јас да го уривам оптимизмот кај некои други и да им ја смалувам амбицијата“, изјави Вучиќ.

Претседателите на Хрвтска и на Словенија, Зоран Милановиќ и Наташа Пирц Мусар рекоа дека двете држави ќе му помогнат на регионот.

Мусар изјави дека „не е поборник заради билатералните проблеми да се завлекува пристапувањето во ЕУ, а македонскиот претседател Стево Пендаровски, кој беше домаќин на работната средба, изјави дека „регионалната клаузула секогаш била обврзителна при пристапувањето, но оти во случајот на Северна Македонија постои дебаланс меѓу критериумите за членство и билатералните односи“.

Во однос на методологијата на францускиот претседател Емануел Макрон за ЕУ во повеќе брзини, Милановиќ кажа „не“ од Скопје.

„Неспроведливо е политички, доколку тоа воопшто е предлог на Макрон. Не сум свесен дека постои таков. Но дури и да постои такот предлог, без оглед чиј е, тоа така не може да функционира“, рече Милановиќ.

И словенечката претседателка изјави дека „не е приврзаничка на Европа со повеќе брзини“, а Пендаровски го повтори ставот дека е тоа стар предлог на Макрон, кој се уште не е официјално ставен на маса во ЕУ.

 

 

slobodnaevropa.mk