More

    Уапсен мажот кој ја допре шпанската новинарка по задница

    Шпанската полиција уапси маж под сомнение дека сексуално ја нападнал новинарката Иса Баладо, односно дека ја допирал по задникот за време на директен телевизиски пренос.

    Во екот на јавната дебата за сексизмот и сексуалната злоупотреба, која во Шпанија ја поттикна бакнежот на претседателот на Шпанската фудбалска асоцијација Луис Рубиалес и фудбалерката Џенифер Хермосо по финалето на Светското првенство, се случи уште еден инцидент пред камери.

    Шпанската полиција уапси маж под сомнение дека сексуално ја нападнал новинарката Иса Баладо, односно ја допирал по задникот за време на директен телевизиски пренос.

     

    Баладо известувала за грабеж во Мадрид во вторникот, кога маж и пришол одзади и ја допрел позади, пред да ја праша за кој ТВ канал работи.

     

    Новинарката се обидела да продолжи со вклучувањето во програмата, но ја прекинал водителот Начо Абад, кој прашал дали човекот штотуку ја допрел.

     

     

     

    rts.rs

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    27.8 ° C
    27.8 °
    27.8 °
    28 %
    2.1kmh
    20 %
    Thu
    28 °
    Fri
    28 °
    Sat
    29 °
    Sun
    28 °
    Mon
    27 °
    spot_imgspot_img