РСЕ: Мерката за намалување на цените – повеќе популизам отколку реален ефект

0
244

Зголемување на основните млечни и месни производи за 40 проценти споредено со минатата година, покажала анализата направена од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), која се очекува да биде објавена следната недела, со донесувањето на владините мерки за намалување и замрзнување на цените, објави slobodnaevropa.mk.

Од Државниот пазарен инспекторат велат дека зголемување на цените има и кај овошјето, додека забележано е намалување на цената на маслото за јадење. Податоците се добиени врз основа на влезните и излезните фактури од маркетите.

Следната недела се очекува да биде донесена мерка за намалување на цените на повеќе од 50 основни прехранбени производи за над 10 проценти, кои потоа ќе бидат замрзнати, како што изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

„По конструктивна дебата со најголемите супермаркети во земјава заеднички се согласивме дека има простор за намалување на цените на основните прехранбени производи и како добра волја и како општествено одговорни компании тоа го прифатија“, изјави министерот за економија Крешник Бектеши откако одржа состанок со претставници на најголемите супермаркети.

Периодов најголем раст има на цените на млечните производи според официјалните статистички податоци. Најави доаѓаат и за поскапување на лебот, а граѓаните се жалат дека половина плата трошат за храна и пијалаци, како што покажуваат и податоците од синдикалната потрошувачка кошничка. Двоцифрената инфлација во земјава трае скоро две години.

Со владината одлука најавено е дека ќе бидат опфатени над 50 прехранбени производи, од кои 90 отсто од нив се даночат со 5 проценти ДДВ, а останатите со 10 проценти, велат од Министерството за економија.

Ќе се воведе забрана за акции и промоции на производи, а на маркетите ќе им биде дозволено акциски да ги намалат цените само на производите на кои им истекува рокот, рече Бектеши.

Но, пресметките покажуваат дека и со најавените 10 проценти намалување, граѓаните повторно ќе купуваат за една третина поскапи производи, во услови на континуирано намалување на цените на храната на светските берзи.

Адеми – Мерката е популистичка

Мерката е повеќе популистичка и нема да го даде посакуваниот ефект, вели економскиот аналитичар Висар Адеми. Тој го критикува најавеното замрзнување на цените на производите во услови на пазарна економија.

Текстот во целост на:slobodnaevropa.mk