Во повеќе села во северниот дел на грчкиот остров Евија од рано утрово има сериозни проблеми поради невремето „Илиас“ што предизвика поплави како на домови, така и на улиците, јави дописничката на МИА од Атина.
Χτυπήθηκε από τον #Elia η Βόρεια Εύβοια. Κόπηκαν δρόμοι και πλημμύρισαν σπίτια σε Ροβιές και Μετόχι.
Κλειστά τα σχολεία στη βόρεια Εύβοια και στην κεντρική στους δήμους Ερέτριας, Χαλκιδέων και Διρφύων-Μεσσαπίων. https://t.co/lxN99WUejC pic.twitter.com/SDRiWYn7zF
— 𝐏𝐫𝐨𝐤𝐚𝐥𝐢𝐩𝐭𝐢𝐤𝐚 ™️_ (@prokaliptika1) September 27, 2023
Според локалните медиуми, предизвикана е материјална штета, во одредени делови има и лизгање на земјиштето, а поради проблемите на патната инфраструктура, во прекин е сообраќајот на повеќе локални патишта.
H Βόρεια Εύβοια που πλήγηκε από τις πυρκαγιές του 2021 μετρά τις επιπτώσεις εκείνης της καταστροφής…
Στις Ροβιές οι δρόμοι είναι ποτάμια… pic.twitter.com/LE7RlwTf7y
— Miyagii (@Miyagii2574471) September 27, 2023
Грчката државна телевизија ЕРТ објави дека во северниот дел на островот е и министерот за климатска криза и цивилна заштита Василис Кикиљас.
На невремето „Илиас“ што денеска кулминира во повеќе делови на Грција, се осврна и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на владината седница, истакнувајќи дека „во погодените подрачја мобилизиран е државниот механизам“, а фокусот е на ситуацијата на Евија.
извор: МИА