Македонскиот кошаркар Перо Антиќ е новиот дечко на Цеца Ражњатовиќ!

0
575

Деновиве низ чаршијата кружат гласини дека нашиот најдобар кошаркар, шармантниот Перо Антиќ наводно ја освоил балканската дива Цеца Ражнатовиќ! Според гласините тој често патува за Белград, што беше случај и овие денови, а тоа уште повеќе ги подгреа шпекулациите.

За да не се потпираме на “чаршиски муабети“ се обидовме да стапиме во контакт со Перо, но, одговор се уште нема.

Кошаркарот на почетокот на оваа година ја прекина врската со манекенката Катарина Ивановска, па по кратка пауза, како што пренесуваат медиумите, Перо почнал врска со Цеца.

Инаку во март оваа година, Перо бил во првите редови на настапот на Цеца во Скопје.

Познатата „каде има чад има и оган“ речиси секогаш е вистинита, дали и овој пат тоа ќе се потврди, останува да видиме.

 

 

zenskimagazin.mk