Седумдесет и седумгодишна скопјанка го пријавила соседот дека извршил обљуба врз неа

Седумдесет и седумгодишна скопјанка го пријавила соседот дека извршил обљуба врз неа, информираат од министерството за внатрешни работи. Според полицијата, тоа се случило на 4 октомври околу 19 часот во нејзиниот дом во Гази Баба.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор:МВР