Две лица се застрелани во белгискиот главен град Брисел, соопштија властите на таа земја, а пренесе Би-би-си. Новинската агенција АФП јавува дека напаѓачот е во бегство.
Портпаролката на обвинителството изјави дека истрагата е отворена, но не шпекулира за мотивот на напаѓачот.
https://twitter.com/MarcoFattorini/status/1713989366555525286?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1713989366555525286%7Ctwgr%5E7a67eadc10fb2e738baf700a0ad3acd2ae288bfc%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Flokalno.mk%2Fvideo-dvajca-mrtvi-vo-brisel-ubieni-dvajca-shvegjani-so-avtomatska-pushka-jas-sum-chlen-na-isis%2F
Сепак, според информациите на Ле Соар, најверојатно се работи за терористички напад. На неколку видеа објавени на социјалните мрежи, осомничениот тврди дека припаѓа на „Исламската држава“. „Живееме за нашата вера, умираме за нашата вера, фала богу“, вели тој во една од нив.
„Фала му на Бога, вашиот брат Абдесалам ги одмазди муслиманите, јас само сега убив тројца Швеѓани“, продолжи тој.
На видеото снимено од граѓанин се гледа како маж во флуоресцентна портокалова јакна со бел шлем држи оружје во раката.
++ Il presunto attentatore di #Bruxelles dice di chiamarsi Abdeslam Jilani. Sui social rivendica la sua appartenenza allo Stato Islamico e si vanta di aver ucciso dei miscredenti https://t.co/jCur5BDSEd
— Marco Fattorini (@MarcoFattorini) October 16, 2023
Слегувајќи од скутер, тој наводно испукал неколку куршуми на улица. Неколку лица се засолниле во влезот на зграда, а напаѓачот истрчал по нив и повторно пукал кон нив, кон едно лице на земја.
Според белгискиот весник Het Laatste Nieuws, жртвите се Швеѓани.
Шведската фудбалска репрезентација вечерва против Белгија игра квалификациски натпревар за ЕП 2024, но не е јасно дали жртвите биле во градот за време на натпреварот.
Het Laatste Nieuws објави дека напаѓачот, кој користел автоматска пушка, побегнал од местото.