На 03.11.2023 во 23.05 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетничка од с.Мала Речица, тетовско, поради тоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. Малку подоцна, во координација со ОЈО Тетово бил извршен претрес во нејзиниот дом, при што била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи во полициска станица бил извршен службен разговор со малолетничката и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
MVR