Како прв професионален саем за увоз на национално ниво во светот, CIIE прикажа повеќе од 2.000 категории на нови производи во последните пет години. Овие производи, вклучително од преханбената, земјоделската, автомобилската, информатичка технологија и медицинската индустрија, во последните 5 години ја акумулираа планираната вредност на трансакции од речиси 350 милијарди американски долари.
Минатата година, CIIE во Шангај привлече 145 земји и 284 од најдобрите 500 компании во светот, што резултираше со трговски зделки од над 73 милијарди долари.
И оваа година, CIIE продолжи да се проширува, пречекувајќи над 3.400 изложувачи од 154 земји и региони.