На ден 12.11.2023 по претходна покана на планинарското друштво „I love hiking“, а во чест на 13 ноември – Денот на ослобдувањето на Скопје, Единицата за брзо распоредување со вкупно 14 припадници учествуваше во искачување на врвот на Љуботен, на Шар Планина. Припадниците на единицата беа опремени со алпинистичка опрема специјално наменета за вакви активности, со цел да даде поддршка на планинарското друштво.
„I love hiking“ веќе шеста година по ред го организира традиционалното искачување на Љуботен, врв кој стои на самиот грб на градот Скопје.
MVR