(ВИДЕО) Апасиев маваше со чевел исто како и Никита Хрушчов

По инцидентот во Собрание и по паузата што беше дадена, на говорница излезе пратеникот од „Левица“, Димитар Апасиев и со чевел им „удираше“ печат на амандманите за измени на Деловникот којпто не им веа прифатени со обрзоложение дека не биле заверени и само 12 од нив биле исправни.

– Првиот ден кога ќе паднете од власт ќе го кркате за ова. Амандманите на Левица не се доставени и за секој амандман се води претрес и се дебатира по секој. 2.500 амандмани архивирани и заведени а и тие се фрлени од сатрапот Таљат Џафери. За да не се секирате дека некој е со печат некој не е, да не се чувстрвувате повредени, јас како Џорџ Буш со чевелот тука ќе ви ставам печат, еве ви го првиот, еве го и вториот амандман, рече Апасиев.

Инаку за прв пат вакво нешто светот виде од претседателот на поранешниот Советски Сојуз, Никита Хрушчов.

Тој меѓу другото остана запаметен и по тоа што го извади својот чевел и започна да удира на говорницата во Генералното собрание на Обединетите нации. Познатото удирање со чевлата се случи откако Хрушчов реагираше на говорот на филипинскиот делегат кој обвини дека Советскиот Сојуз ја „проголтал“ источна Европа и „ги лишил луѓето од политичките и човековите права“.

Бесниот Хрушчов тогаш го извадил својот чевел, стана и со чевелот му се закани на филипинскиот делегат на другиот крај од салата. Тогаш со чевелот удри по говорницата.

„Господине претседателе, смирете ја својата марионета на американскиот империјализам“, е познатата реченица која што Хрушчов ја изговори.

https://www.youtube.com/watch?v=aKdo1xwVK7s&ab_channel=dominevola