Просечната нето плата во септември 37 876 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесува 37 876 денари, и е за 16.4 отсто поголема од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (25.8 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24.8 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20.5 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во септември 2023 година, изнесувала 56 896 денари.