Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, од собраниската говорница се потсети и на дел од своето детство кое го минал во Скопје, додека неговиот татко работел во норвешката амбасада. Скопје го потсетува на убав дел од животот, кога за првпат пробал сладолед и полнети пиперки.
Западен Балкан секогаш ми бил блиску до срцето, затоа што кога бев дете мојот татко работеше во норвешката амбасада во поранешна Југославија. Тука живеевме три години. Тогаш за првпат го вкусив мојот прв сладолед, ги јадев првите полнети пиперки, и ја научив песничката „ринге ринге јаја, дошо чика Паја…“ завршуваше со „чуч“. Имам пријатни спомени од моето детство тука – рече Столтенберг.