More

    Трамп барал местење гласови за да победи на изборите

    Актуелниот американски претседател Доналд Трамп извршил притисок врз изборните службеници од Џорџија „да пронајдат доволно гласови“ за да се избегне неговиот изборен пораз во таа земја.

    „Вашингтон пост“ ја доби снимката од вчерашниот телефонски разговор во кој Трамп се обиде да изнесе неосновани тврдења за изборни нерегуларности.

    Вашингтон дневно објавува делови од едночасовниот разговор помеѓу Трамп и државниот секретар на Џорџија, републиканецот Бред Рафенспергер. во кој тој му ласка, го моли, но и му се заканува ако не му помогне да го сврти изборниот резултат.

    Во разговорот, Трамп изјавува дека луѓето во Џорџија се лути.

    „Погледнете, сè што барам е да најдете 11.780 гласови. Еден повеќе отколку што имаме“, вели Трамп, повторувајќи дека републиканците победија на изборите.

    Ниту Белата куќа, ниту канцеларијата на Рафенспергер, ниту канцеларијата на Џо Бајден досега не го коментираа откритието на Вашингтон пост.

    Ако снимката е автентична, а досега нема докази дека не е, тоа е веројатно најголемиот скандал во политичката кариера на Трамп.

    Доналд Трамп ги загуби претседателските избори на почетокот на ноември од демократот Џо Бајден, но, тој не го признава поразот и тврди дека бил ограбен.

    Инаугурацијата на новиот претседател ќе се одржи на 20 јануари.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    14.8 ° C
    14.8 °
    14.8 °
    88 %
    1kmh
    0 %
    Sat
    37 °
    Sun
    33 °
    Mon
    21 °
    Tue
    29 °
    Wed
    28 °
    spot_imgspot_img