Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (28.11.2023) околу 23.30 часот, по преземени оперативни мерки, го идентификувале и го лишиле од слобода 33-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица. Тој се сомничи дека два часа претходно од јарболот на манастирот „Свети Наум Чудотворец“ на Попова Шапка, додека немало никој во верскиот објект, го симнал црковното знаме на МПЦ-Охридска архиепископија и на негово место го поставил знамето на Република Албанија. По документирање на случајот против Ј.А., кој при симнувањето на црковното знаме бил со уште едно лице по кое се трага, ќе следува соодветен поднесок, инфомрираат од МВР.
Related Posts
Повторно поскапуваат горивата, дизелот за три, бензините до 2,5 денари
Во согласност со методологијата за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек…
(ВИДЕО) Николоски: Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за активна блокада на Собранието
Во тек е седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ каде меѓу другото се расправаше за актуелната политичка состојба и националната катастрофа…
Љубителите на експлицитни видеа бараат Пендароски да ја прими домашната OnlyFans старлета Теодора
По приемот организиран за хрватската старлета Нивес Целзиус домашната јавност остана збунета. Дел од јавноста ( пред се дипломатскиот еснаф…