Повторно поскапуваат горивата, дизелот за три, бензините до 2,5 денари

Во согласност со методологијата за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 2.43%.

Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 2.50 денари и еден литар 95-октански бензин ќе чини 89.00 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за 2 денари и еден литар 98-октански бензин ќе чини 91.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 3 денари и еден литар дизел ќе чини 100.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

фото: Архива