Ученици, наставнички, граѓани од соседството од рано утрово се потпишуваат во книгата на жалост за убиената ученичка Вања Ѓорчевска. Книгата е поставена пред службениот влез на основното училиште “Ј.Х. Песталоци” во Скопје, каде што учела Вања.
Граѓаните, кои се потпишаа во книгата, изразија жалење, негодувања и барања да се казнат виновниците за прераната и насилна смрт на ученичката Вања.
Фотографии: Тоше Огњанов
VOA