Снегот на Балканот доаѓа следниот вторник, можно е да го има и нешто пониско!

0
46

Метео анализа на Славчо Попоски:

Според она што можам да го кажам моментално, тоа е дека следниот вторник на Балканот пристигнува голема промена на времето, ладен воздух кој преку Атлантикот ќе продре во северозападна Европа, со што ќе се спушта кон нашите краишта.

Во ваква состојба очекуваме обилни врнежи од дожд во целиот регион, па и во Македонија. Поради падот на температурите, врнежите од дожд очекуваме да преминат во снег на планините, а не се исклучува можноста снежната граница да се спушти и нешто пониско (односно под 1000 метри).

На планините секако во ваква состојба очекуваме и формирање на снежна покривка, а температурите драстично ќе се намалат (дури за повеќе од 10 степени), а наутро очекуваме и појава на мраз, кој секако многу лошо ќе се одрази врз расцутените овошки.

 

meteoalarm.mk