Прегазен пешак на Пластичарска, со тешки повреди пренесена во болница

0
140

Вчера во 19:45 часот било пријавено дека во Скопје, на бул.„Никола Карев“, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(34) од село Студеничани, удрило во пешакот В.Б.(61) од Скопје.

Како што пренесе МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Б., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.